Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.
Израел и САД претходно тврдеа дека Тангсири е убиен во заеднички напад на 26 март. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац минатата недела изјави дека Тангсири е убиен заедно со други високи поморски функционери во „прецизна и смртоносна операција“.
Иранските медиуми утрово објавија соопштение од Револуционерната гарда во кое се наведува дека Тангсири починал од „сериозноста на повредите“.
„Задниот адмирал на Револуционерната гарда, маченикот Алиреза Тангсири, кој – по моќните напади што доведоа до уништување на клучни непријателски објекти и инфраструктура и соборување на американски борбен авион – беше цел на агресивните непријатели додека ги организираше и зајакнуваше силите и го зајакнуваше одбранбениот штит на островите и бреговите, подлегна на сериозноста на повредите и почина“, се вели во соопштението.





