Рубио пред три години донесе закон што ќе го спречи Трамп да ги повлече Соединетите Американски Држави од НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика за напуштање на НАТО алијансата, но во тоа ќе биде спречен со закон донесен пред три години, а еден од авторите беше неговиот сегашен државен секретар Марко Рубио.

Имено, во 2023 година, како дел од Законот за национална одбрана, беше усвоен предлог со кој одлуката за напуштање на НАТО можеше да се донесе само со поддршка од две третини од Сенатот или со посебна одлука на Конгресот.

Еден од авторите на овој предлог беше Марко Рубио, тогашен сенатор од државата Флорида, кој често ги нагласуваше предностите на Алијансата како дел од неговата визија за надворешна политика.

Сепак, Рубио сега усвои слична реторика од својот шеф. Во неколку медиумски настапи, американскиот државен секретар нагласи дека се согласува со ставот на Трамп дека САД треба „да размислат за напуштање на НАТО“.

„Алијансата порано играше важна улога бидејќи Америка, преку НАТО, можеше да ја проектира својата моќ низ целиот свет. Сега таа стана „еднонасочна улица“ каде што нашите сојузници не сакаат да ни бидат на располагање во Иран“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Бидејќи републиканците немаат две третини од сенаторите, ниту доволно мнозинство во двата дома на Конгресот за да го поддржат напуштањето на НАТО, САД ќе продолжат да бидат дел од овој Алијанса, без оглед на најавите на Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости