Навивачите на фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Турција заеднички го прославија пласманот на своите селекции на Светското првенство.
На видеото објавено на социјалните мрежи, Босанците и Турците во Берлин можат да се видат заедно како го слават пласманот на селекциите на Светското првенство.
Босанците и Турците заедно го прославуваат пласманот на Светското првенство во Берлин pic.twitter.com/czBd90SuPh
— Čaršija Times (@CarsijaT) April 1, 2026
Турската репрезентација го победи Косово со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Керем Актуркоглу на почетокот на второто полувреме.
Од друга страна, селекцијата на Босна и Херцеговина, по подобро изведување на пенали, ја победи Италија и се пласираше на второто Светско првенство во историјата.
Погледнете што се случуваше на улиците на Берлин во видеото вклучено во текстот.





