Трамп упати закана дека ќе воведе царина од 50 % за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека трговските преговори со Европската Унија „никаде не водат“ и предложи воведување царина од 50 отсто за производите од ЕУ, почнувајќи од 1 јуни, јавува Анадолу.

„Европската Унија, која беше формирана со главна цел да ги искористува САД во трговијата, е многу тешка за соработка“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Тој ја обвини ЕУ за „силни трговски бариери, ДДВ-даноци, смешни корпоративни казни, немонетарни трговски бариери, монетарни манипулации и неправедни тужби против американски компании“ и рече дека ваквите практики резултирале со трговски дефицит од над 250 милијарди долари годишно – бројка што ја нарече „целосно неприфатлива“.

Трамп додаде дека царини нема да има за производи што се произведуваат во САД.

По објавувањето на т.н. „реципроцитетни царини“ на 2 април за над 180 земји, Трамп предизвика неизвесност во светската трговија.

ЕУ тогаш беше погодена со 20 отсто царина, која подоцна беше суспендирана за сите земји освен за Кина. Но, и царините за Кина беа привремено замрзнати по неодамнешните преговори во Женева.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости