Палестинска докторка загуби 9 од своите 10 деца во израелски напад

Палестинска докторка која работи во болницата „Насер“ во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, загуби 9 од своите 10 деца во израелскиот напад, известува Анадолу.

Генералниот директор на Министерството за здравство во Појасот Газа, Мунир ал-Бурш, во писмено соопштение наведе дека домот на Ела ал-Наџар, докторка која работи во болницата „Насер“, бил нападнат откако таа заминала во болница.

Бурш изјави дека 9 од 10-те деца на палестинската докторка Наџар, од кои најстарата имала 12 години, се убиени во брутален напад на израелската армија, и дека сопругот на Наџар, Хамди ен-Наџар, и едно од нејзините деца, кои го преживеале нападот, се повреди и се на наоѓаат на интензивна нега.

Истакнувајќи дека нападот на домот на Наџар е пример за реалноста што ја трпат здравствените работници во Газа, Бурш рече:

„Зборовите се недоволни за да се опише болката. Цел на нападите во Газа не се само здравствените работници; нападите на Израел одат уште подалеку, уништуваат цели семејства“.

Во објавата на профил на платформата Телеграм на Министерството за здравство, вклучени се зборовите на Јусур Ебу ер-Риш, еден од лекарите во болницата.

Д-р Риш наведе дека ожалостената Наџар трпеливо чекала пред вратата на својот син, кој бил однесен во операциона сала.

Зборувајќи за Наџар, мајка која ги изгубила 9 свои деца, Риш вели:

„Во тешките услови во Газа, каде што дури и опишувањето на деталите за болката станува нова болка, таа е доктор која ги остави своите деца зад себе и дојде во болница да си ја заврши работата и да им се посвети на болните деца…“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости