(ВИДЕО) Русинка нападна муслиманка во парк во Москва: „Во Русија не се облекува така, ми ги плашиш децата, чувај си ја верата дома!“

Во јавен парк во еден од градовите во Московскиот регион, млада муслиманка со хиџаб била вербално нападната од страна на Русинка која се претставила како „патриот“. Сцената, снимена од самата Русинка брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции.

„Не треба да се облекувате така и да ги плашите нашите деца. Само вахабистите се облекуваат така. Религијата чувај си ја за дома. Ова е православна земја“, ѝ кажала Русинката со груб тон, посочувајќи кон облеката на жената. Според сведоци, таа останала смирена и не одговорила на провокациите.

Настанот повторно ги отвори прашањата за верската толеранција и правото на индивидуален идентитет во Русија, каде муслиманската заедница брои милиони граѓани. Организациите за човекови права потсетија дека Руската Федерација е формално секуларна држава, во која секој граѓанин има право слободно да ја исповеда својата вера.

Иако властите сè уште немаат официјална реакција, активисти повикуваат на конкретни чекори против секаква форма на верска дискриминација и поттикнување омраза.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости