Фоторепортер на Анадолу повреден од илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег

 Исам ал-Римави е префрлен во Палестинскиот медицински комплекс во Рамала

 – Фоторепортер на Анадолу е повреден во напад на илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Исам ал-Римави е нападнат со стап по главата од доселениците додека известуваше за нападите на доселениците во селото Ал-Мугајир, источно од Рамала, во централниот дел на Западниот Брег, јави репортерот на Анадолу.

„Во нападот фоторепортерот ја изгуби свеста“, додаде тој.

Римави е префрлен во Палестинскиот медицински комплекс во Рамала.

Од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, најмалку 970 Палестинци се убиени, а над 7.000 се повредени во нападите на израелската Армија и илегалните доселеници низ окупираниот Западен Брег, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство.

Меѓународниот суд на правдата минатиот јули објави дека долгогодишната окупација на палестинските територии од страна на Израел е нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости