Еден хаџија за сто хаџии: Приказната на Амир ел-Мехди
Пред неколку дена, еден млад Либиец по име Амир ел-Мехди тргнал на своето духовно патување кон Саудиска Арабија, за да го изврши хаџот – светата должност на секој муслиман. На патот, тој наидува на пречки кои за повеќето би значеле крај. Но, за Амир, тоа беше само почеток.
На пасошката контрола бил задржан извесно време. Иако потоа е пуштен, доцнел неколку минути. Капетанот одлучил да полета без него. Кога му кажале: „Аллах не ти одредил да извршиш хаџ оваа година“, тој одговорил:
„Јас имам намера/нијет да го извршам хаџот, ако даде Господ, ќе одам на хаџ.“
Неколку минути по полетувањето, авионот се вратил на аеродромот поради технички проблем. По поправката, повторно полетал, но повторно се врати поради ист дефект. По второто слетување, капетанот изјавил:
„Нема да полетам повторно освен ако Амир не е со нас во авионот.“
Амир беше повикан да се качи, и третиот обид за полетување беше успешен. Неговата истрајност и вера станаа симбол на упорност и божествена волја.
Како што вели Куранот:
„Кога Тој нешто ќе посака, само вели: ‘Биди!’, и тоа бидува/станува реалност.“ (Јасин, 82)





