(ВИДЕО) Силна експлозија ја потресе најголемата хемиска фабрика за хлорпирифос во Кина

Силна експлозија денес ја потресе хемиската фабрика „Шандонг Јудао“ во градот Гаоми, источна Кина, при што во небото се издигнаа огнени топки и густ чад. Експлозијата била толку силна што кршела прозорци на неколку километри оддалеченост, предизвикувајќи паника кај локалното население.

Фабриката „Шандонг Јудао“ е најголемиот светски производител на хлорпирифос – хемикалија која се користи како инсектицид, но е предмет на бројни здравствени и еколошки контроверзии во последните години.

Засега нема официјални информации за бројот на жртви или причината за експлозијата. Локалните власти соопштија дека се спроведува итна истрага, а спасувачките екипи се на терен. Очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Настанот повторно ги отвори прашањата за безбедноста во хемиската индустрија во Кина, особено во контекст на претходни слични инциденти со трагични последици.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости