Израелски воени авиони извршија нови напади врз аеродромот во јеменската престолнина Сана

Израелскиот министер тврди дека во нападите е уништен „последниот авион што им остана на Хусите како дел од операцијата „Златен орнамент“

 – Израелските воени авиони денес извршија нов бран воздушни напади врз аеродромот Сана во јеменскиот главен град, изјави министерот за одбрана Израел Кац, пренесува Анадолу.

Кац во соопштението тврди дека во нападите е уништен „последниот авион што им остана на Хусите како дел од операцијата „Златен орнамент“.

„Пристаништата во Јемен ќе продолжат да бидат под силни напади, а аеродромот во Сана ќе биде уништуван повторно и повторно“, предупреди Кац.

Телевизијата на Хусите „Ал-Масира“ ги потврди израелските напади врз аеродромот без да даде информации за причинетата штета или евентуални жртви.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости