(ВИДЕО) Палестинскиот амбасадор во ОН се расплака: Пламенот и гладот ​​ги голтаат палестинските деца

Палестинскиот амбасадор во Обединетите нации, Ријад Мансур, одржа емотивен говор пред Советот за безбедност на ОН, при што се расплака додека го опишуваше „неподносливото“ страдање на палестинските деца за време на војната во Газа.

Мансур го наведе случајот на д-р Ала ал-Наџар, палестинска докторка која изгубила девет од своите десет деца откако пристигнале во болницата каде што работела, веќе мртви и со изгореници. Мансур рече дека повеќе од 1.300 палестински деца се убиени, а околу 4.000 се повредени откако Израел ги продолжи воените операции во Газа по пропаѓањето на примирјето во март.

Мансур удри со тупаница по масата и се расплака, прекинувајќи го својот говор.

🔴 Снимките на мајки кои ги прегрнуваат телата на своите деца, разговараат со нив, ги молат за прошка се неподносливи.
Како може некој да го толерира овој ужас?

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости