Полициите од Скопје и Сараево одлучни да ја продолжат соработката

Раководството на Секторот за внатрешни работи – Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за Кантонот Сараево, Адмир Катица, пренесува Анадолу.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на средбата било разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови.

„Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници“, стои во соопштението на МВР.

Исто така, на средбата од страна на двете делегации била потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града.​​​​​​​

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости