Ердоган: Се надевам дека Курбан Бајрам ќе биде благослов за целото човештво

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам, известува Анадолу.

Во пораката објавена на својот профил на социјалните мрежи претседателот Ердоган го наведе следното:

„Се надевам дека Курбан Бајрам ќе биде благослов за нашата земја, нашата нација и целото човештво. Им честитам на сите, на сите наши пријатели во различни земји од светот, во нашата татковина и на нашите браќа во Газа и Палестина. Нека ни е благословен Курбан Бајрам.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости