🇮🇪📖 Млад човек од Ирска по име Јаков, кој неодамна го прифати исламот, ја воодушеви публиката со својата прекрасна рецитација на Куранот.
🔸 Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, Јаков ги рецитира првите 10 ајети од Сура Ан-Назиат, покажувајќи длабока посветеност, разбирање и искреност во изговорот.
🗣️ Снимката, направена со мобилен телефон, предизвика восхит кај многу корисници и доби бројни позитивни коментари.
🔴 İrlandalı mühtedi Yakub'un Kur'an tilaveti sosyal medyada büyük beğeni topladı. pic.twitter.com/J4rjj7QBbC
— Mahfil (@mahfildijital) June 5, 2025
📖 Сура Ан-Назиат (79-та сура од Куранот) ги опишува драматичните сцени од Судниот ден и ја истакнува моќта и праведноста на Аллах:
1. Се колнам во оние што(душите ги) корнат, грубо,
2. во тие што (душите ги), вадат благо,
3. и во тие што пловат брзо,
4. па душите во одредичишта итајќи ги носат
5. и кои ги средуваат работите(со Аллахова дозвола)!
6. На Денот кога Земјата (со звукот на рогот) ќе се затресе,
7. по кој ќе чуе следниот!
8. Срцата тој Денот тој ќе бидат исплашени,
9. а погледите нивни спуштени.
10. Ќе прашуваат: „Зарем навистина ќе бидеме вратени во правобитната состојба?“
– Ен Низиат (Тие што кубат) 1-10 ајет –





