„Нашите одбојкарки ќе бидат условно кажано гости, со оглед на тоа дека Израел е организатор на турнирот“, велат од федерацијата во соопштение објавено на нивниот официјален веб сајт.
Последниот турнир во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025 женската сениорска репрезентација на Македонија го игра престојниот викенд (13-15 јуни) повторно во Струмица, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.

За турнирот во Струмца пишуваа и македонските медиуми кои укажаа на фактот дека Израел ќе биде домаќин на ова натпреварување.
„Интересно е дека дамите ќе бидат условно кажано гости на третиот турнир, кој од 13 до 15 јуни ќе се игра во Струмица, а каде Израел ќе биде домаќин. Поради воено-политичките околности во кои се наоѓа Израел, оваа земја треба да биде организатор турнир на неутрален терен, а Одбојкарската федерација на Македонија прифати да даде логистичка поддршка. Трет учесник на овој турнир е селекцијата на Грузија“, пишува спортскиот портал gol.mk.
Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ досега одиграа четири натпревари и имаат две победи над Луксембург и Фарски Острови и два порази од фаворитите Швајцарија и Австрија, а викендов ќе играат против Израел и Грузија.

Стручниот штаб и екипата се задоволни од досега прикажаното, но веруваат дека во најдобро издание ќе се претстават на последните два натпревари, кои за жал, ќе се играат зад затворени врати, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија.

Според распоредот, македонските одбојкарки ќе играат на 13 јуни (петок) од 19 часот против Израел, додека ден подоцна во истиот термин се соочуваат со Грузија во натпревар во кој ќе го заокружи настапот во годинешното издание од Сребрената лига.