Израел уби шестмина нуклеарни научници во нападите врз Иран

Израел уби шестмина нуклеарни научници во нападите врз Иран, известува Анадолу.

Според иранска полуофицијална новинска агенција Тасним, нуклеарните научници Абдулхамид Менушер, Ахмед Риза Зулфикари, Емир Хусеин Фики, Мотлабизаде, Мохамед Мехди Техранчи и Феридун Абаси ги загубиле животите во нападите извршени од Израел врз различни градови на Иран во раните утрински часови.

Феридун Абаси, еден од убиените во нападот, еден мандат беше шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран. Абаси беше повреден и го преживеа обидот за атентат во 2010 година, за кој Израел беше обвинет дека го извршил.

Меѓу убиените научници е и Мохамед Мехди Техранчи, ректор на Исламскиот универзитет Азад.

Во раните утрински часови Израел започна напади врз иранскиот главен град Техеран, Тебриз, нуклеарниот погон „Натанз“ во Исфахан и градовите Лорестан и Керманшах.

Во нападите се убиени и високи воени функционери и нуклеарни научници, вклучително и началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Мохамад Бакери и генералниот командант на Корпусот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Селами.

Во нападите на Израел врз Техеран беа погодени и цивилни населби, во кои животите ги загубија голем број цивили.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости