Во Газа, кутија со хуманитарна помош од САД, со натпис „Човештвото на прво место“, стана трагичен симбол на иронија – со крвта на еден млад Палестинец.
Тој бил застрелан и убиен од израелските сили додека се обидувал да земе пакет помош – место што за многумина станува смртоносна стапица, наместо извор на спас.
Млад човек од Газа – со тело изнемоштено од глад, со голи коски, со крв што тече врз количката со која требал да ја носи вреќата брашно – остана сведоштво за бруталноста што се крие зад зборовите за „помош“ и „човештво“.







