🔥 До 18:00 – Цела држава под чад: 25 пожари, едно лице загинато

До 18:00 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни. Ситуацијата е особено критична во Ѓорче Петров, Волково, Орман и Кучково, каде густ чад го отежнува дишењето, а граѓаните се во паника.

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување интервенира во Крива Паланка, додека хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман. Општина Ѓорче Петров денеска официјално активираше кризен штаб поради повеќе активни пожари на својата територија.

Во село Лозаново, Крива Паланка, полициски службеници пронашле починато лице во близина на опожарено подрачје. Градоначалникот Сашко Митовски апелира за итна помош, посочувајќи дека пожарот излегува од контрола.

Дополнително, попладнево повторно се разгоре и пожарот во Чучер-Сандево, што доведе до привремено затворање на патниот правец и граничниот премин Блаце. По 17:00 часот, сообраќајот е повторно дозволен за патнички возила.

Пожари се регистрирани и во Дојран и Македонски Брод, а опасноста од нивно ширење останува висока.

Владата вечерва свикува кризен штаб, а претседателката Гордана Силјановска-Давкова веќе потпиша одлука за ангажман на Армијата во гаснењето на пожарите. Владата претходно прогласи кризна состојба, а Генералштабот ќе го одреди начинот на вклучување на Армијата на терен.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости