🇫🇷 Брижит Макрон повторно јавно го понижи Емануел Макрон за време на посетата на Велика Британија
Француската прва дама, Брижит Макрон, повторно се најде во фокусот на јавноста откако на официјална посета на Велика Британија, во присуство на кралското семејство, јавно го одби претседателот Емануел Макрон.
🎥 Инцидентот се случи пред замокот Виндзор, каде што камерите го забележаа моментот кога Макрон се обиде нежно да ја фати за рака, но Брижит ја тргна својата рака пред очите на присутните и камерите.
Овој чин веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците повторно ја коментираат динамиката во односот на двојката.
🔴 Ова не е првпат Брижит Макрон да направи гест кој го понижува нејзиниот сопруг. За време на една претходна посета на Виетнам, камерите го забележаа моментот кога таа го удри Макрон по лицето – нешто што исто така стана вирално на интернет.
И додека Емануел Макрон се обидува да одржи силна политичка позиција во нестабилната француска сцена, се чини дека домашниот протокол понекогаш му задава дополнителни удари – буквално и симболично.





