Возачка на автобус на ЈСП заврши на Токсикологија откако го изгаснала пожарот
Рано утринава, на 21 јули, возачка на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) заврши на Клиниката за токсикологија, откако успеала да го изгасне пожарот што избувнал додека автобусот се движел по булеварот „Борис Трајковски“, информираше полицијата.
Пожарот бил пријавен околу 07:16 часот, а возачката С.Б. веднаш била пренесена со итна медицинска помош во Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.
Причината за избувнување на пожарот сè уште не е позната. Од МВР известуваат дека се води истрага за целосно расчистување на случајот.





