Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид апелираше да се блокират преговорите за продажба на борбени авиони „Еврофајтер Тајфун“ од Велика Британија и Германија, тврдејќи дека Туркије сака да постигне паритет на воздушниот простор со Израел.
Обвинувајќи ја владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не успеала да го спречи договорот, Лапид, лидер на главната опозициска партија во Израел, Јеш Атид, рече:
„Доколку Израел имаше функционално министерство за надворешни работи или нормална влада, новиот договор за продажба на авиони „Еврофајтер Тајфун“ на Туркије од страна на Германија и Велика Британија веќе ќе беше блокиран“.
Тврдејќи дека купувањето на „Еврофајтер“ од страна на Туркије би било „опасно за Израел“, тој рече:
„Туркије има најголема и најмоќна поморска флота на Блискиот Исток и сега се стреми да постигне паритет на воздушниот простор со Израел. Ова е опасна ситуација, а нашата нефункционална влада дозволи овој договор да продолжи и не направи ништо за да го спречи“.
Анкара ги продолжува разговорите со Велика Британија и Германија за купувањето на „Еврофајтер“ и процесот напредува позитивно.





