(ВИДЕО) 📣 Американска новинарка жестоко до ционистите: „Каде ви е совеста?“ – судир во живо околу гладот во Газа

Американската новинарка Ана Каспаријан остро ги критикуваше ционистичките ставови во пренос во живо, влегувајќи во жестока расправија со произраелскиот активист Шабос Кестенбаум.

„Каде ви е совеста? Не гледате ли како децата умираат од глад?“ – праша таа отворено, реагирајќи на обидите на соговорникот да го оправда ограничувањето на хуманитарната помош како легитимна воена тактика.

Каспаријан побара одговорност за масовните смртни случаи на деца во Газа поради израелската блокада, која го спречува влезот на основни намирници и медицинска помош. Според Обединетите нации, од 7 октомври 2023 година досега, најмалку 115 Палестинци починале од исцрпеност и глад.

Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина ја пофалија нејзината храброст и сочувство во одбрана на невините цивили.

📺 Целото видео може да го погледнете тука:

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости