62 години од тешкиот земјотрес во Скопје

На денешен ден пред 62 години, Скопје беше разурнато од силен земјотрес што го однесе животот на 1.070 луѓе, а околу 3.000 беа повредени. Над 200.000 граѓани останаа без покрив, беа урнати 15.800 станови, а оштетени уште 28.000.undefined

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека овој ден е потсетник за човечноста и солидарноста:

„Животот може да се промени за миг. Но токму солидарноста и заедништвото се темелите врз кои повторно го изградивме градот.“

undefined

Во Музејот на Град Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“, која ќе биде од траен карактер.

По трагедијата, светот покажа невидена солидарност. Обединетите нации на 27 септември 1963 година и дадоа приоритет на помошта за Скопје, а на 14 октомври едногласно усвоија Резолуција за поддршка на обновата. Тој ден остана запаметен како Денот на Скопје во ОН.

undefined

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости