(ВИДЕО) Британија е подготвена да ја признае Палестина

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Лондон е подготвен да ја признае државата Палестина во септември доколку Израел не преземе чекори за ставање крај на огнот во Појасот Газа, се вели во соопштението по состанокот на британската влада.

Велика Британија ќе ја признае државата Палестина во септември, освен ако израелската влада не преземе значајни чекори за да се стави крај на „ужасната ситуација“ во Газа и не ги исполни другите услови“, изјави британскиот премиер Кир Стармер пред кабинетот во вторник, според соопштението на владата.

Posted by Čaršija Times on Tuesday, July 29, 2025

Британија го гледа признавањето на Палестина како дел од напорите за зачувување на решението за две држави, рече Стармер.

„Решени сме да ја браниме одржливоста на решението со две држави, поради што ќе ја признаеме државата Палестина во септември пред Генералното собрание на ОН“, нагласи Лондон.

Велика Британија очекува Израел да преземе „значајни чекори за да се стави крај на ужасната ситуација во Газа“ и да се посвети на постигнување долгорочен одржлив мир.

„Пред седницата на Генералното собрание на ОН, ќе процениме до кој степен страните ги имплементирале овие чекори“, додаде владата.

Стармер посебно ја истакна тешката хуманитарна ситуација во Газа и го повика Израел да обезбеди пристап до хуманитарна помош и да престане со гранатирање на цивилите.

Минатата недела, Франција стана првата земја од Г7 и првата постојана членка на Советот за безбедност на ОН што формално ја објави својата намера да ја признае Палестина во септември, потег што беше поздравен од Палестинската самоуправа и остро критикуван од Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече париската иницијатива „награда за терор“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, исто така, се изјасни против планот за признавање, остро критикувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости