🕌🔥 (ВИДЕО) Пожар во џамијата-катедрала во Кордоба – најзначајниот симбол на Андалузија

Синоќа, околу 21:15 часот по локално време, во капелата на џамијата-катедрала во Кордоба, Шпанија – објект изграден во исламскиот период на Андалузија и впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО – изби пожар.

Брзата интервенција на пожарникарите и добро организираниот план за самозаштита успеаја да го стават пожарот под контрола за само еден час, спречувајќи го да се прошири.

Нема човечки жртви, но е направена е голема материјална штета.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости