(ВИДЕО) Пандов: Радикален ислам се шири во Идризово, бројот на следбеници расте

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ откри дека во шестото крило на затворот Идризово се шири радикален ислам и бројот на следбеници постојано расте.

Тој објасни дека проблемот е сериозен бидејќи затворот нема ќелиски систем, а затворениците престојуваат во заеднички простории, што овозможува ширење на идеологијата.

„Интересно е што поголемиот дел од тие лица се примерни затвореници. Но, повторно се соочуваме со истиот проблем – нема начин да ги изолираме. Тие се заедно со повеќе затвореници и тоа овозможува влијание врз другите. Ако имавме ќелиски систем, двајца такви радикали ќе ги сместевме во одделни ќелии и работата ќе беше завршена“, изјави Пандов.

Тој додаде дека е „жално што наместо другите да ги одвратат од радикализмот, тие успеваат да го шират меѓу останатите затвореници“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости