(ВИДЕО) Бен Гвир ги преминува границите на злото: Поставил слики од уништената Газа во затвор за Палестинци

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, смисли уште еден нехуман начин за злоупотреба на заробените Палестинци.

Бен Гвир ѝ нареди на израелската затворска служба да постави фотографии од пустошот предизвикан од геноцидот во Газа, каде што затворениците ќе бидат принудени постојано да ги гледаат.

Овој потег доаѓа откако Бен Гвир го посети палестинскиот политички затвореник Марван Баргути минатата недела и се обиде да го понижи. Баргути многумина го сметаат за потенцијален палестински лидер.

Во израелските затвори има илјадници Палестинци, од кои многу се малолетници. Многу од затворениците се чуваат во таканаречен административен притвор без никакво обвинение.

Еден од затворениците е д-р Хусеин Абу Сафија, кој беше заробен во болницата кон крајот на 2024 година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости