Зеленски: Турција е прифатлива локација за состанок со Путин

🗣 Украина е подготвена за можен билатерален состанок со Владимир Путин во неутрална европска земја или Турција, но ја исклучува Москва и ја критикува Будимпешта како потенцијална локација.

❗️ Тоа вчера го изјави претседателот Володимир Зеленски за време на разговор со новинарите.

👨 „Праведно би било состанокот да се одржи во неутрална Европа, бидејќи војната сè уште трае на континентот“, нагласи Зеленски. Како можни опции ги спомена Швајцарија и Австрија.

✔️ Што се однесува до Турција, претседателот истакна дека Украина нема ништо против таква локација, бидејќи земјата е членка на НАТО и дел од Европа.

🟠 Истовремено ја отфрли можноста за преговори во Москва. А за Будимпешта напомена дека Унгарија не ја поддржувала Украина за време на војната, па затоа таа опција е сега тешка. „Политиката на Орбан не беше против Украина, туку против поддршката за Украина“, нагласи претседателот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости