(ВИДЕО) Мадуро се фали со нов телефон во екот на тензиите со Американците: „Никој не може да го прислушкува“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се пофали на прес-конференција со подарокот што го доби од кинескиот лидер Си Џинпинг.

Станува збор за мобилен телефон на „Хуавеј“ кој Мадуро го нарече „најнапредниот и најбезбедниот телефон во светот“. Како што додаде, мобилниот телефон е отпорен на какво било прислушување, дури и преку сателит.

„Дури ни грингосите не можат да го прислушуваат“, рече Мадуро, алудирајќи на Американците.

Во меѓувреме, Мадуро се соочува со големи проблеми дома, бидејќи тензиите меѓу Венецуела и САД достигнаа врв во последните денови.

Мадуро вчера изјави дека целта на американското воено распоредување на Карибите е соборување на неговата влада и дека е подготвен да прогласи „вооружена република“ доколку биде нападнат од американските сили.

Во една од неговите ретки изјави за новинарите, Мадуро рече дека Венецуела бара мир, но дека неговата војска е подготвена да одговори на какви било напади од страна на американските сили.

„Тие бараат промена на режимот преку воена закана. Венецуела се соочува со најголемата закана што нашиот континент ја видел во последните 100 години“, рече тој.

Американското оправдување за военото засилување на Карибите е дека сакаат да го принудат Мадуро да ја користи војската за справување со нарко-картелите.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости