Трет земјотрес го погоди Авганистан, луѓето во паника ги напуштаат засолништата

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди оддалечениот југоисточен регион на Авганистан во четврток вечерта. Ова е трет земјотрес во последните шест дена.

Плиток земјотрес ги погоди жителите на провинциите Нангархар и Кунар, кои ги напуштија своите засолништа од страв.

Нема официјални извештаи за жртви од синоќешниот земјотрес, но лекарите на терен за Би-Би-Си изјавија дека 17 повредени лица се однесени во покраинската болница Кунар.

Во првиот земјотрес што се случи во неделата, загинаа 1.368 луѓе, а 2.180 беа повредени. Официјалните лица велат дека бројот на жртви во овој земјотрес продолжува да расте.

Владата соопшти дека суровиот и планински терен на регионот продолжува да ги попречува операциите за спасување и помош при катастрофи.

„Спасувачките операции се уште се во тек, поставени се шатори за луѓето во различни области, а испораката на прва помош и итни залихи е во тек“, изјави Хамдула Фитрат, заменик-портпарол на талибанската влада.

Во 2023 година, повеќе од 1.400 луѓе загинаа откако серија земјотреси со јачина од 6,3 степени го погодија западен Авганистан, во близина на градот Херат.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости