(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Франција: Граѓаните ги блокираа улиците, имаше и судири со полицијата

Безбедносните сили се распоредени низ целата земја за да се обидат што побрзо да ги отстранат сите блокади, изјавија официјални лица, што значи дека Франција засега не е блокирана. Речиси 200 демонстранти беа уапсени низ целата земја.

Во Париз, полицијата испука солзавец кон младите демонстранти кои го блокираа влезот во средно училиште, а пожарникарите отстранија изгорени предмети од барикадата, јавува Ројтерс.

Граѓаните го насочија својот гнев кон претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со политички превирања, и истакнаа дека е виновен тој а не министрите за политичката ситуација.

Министерот за внатрешни работи Бруно Рејто им изјави на новинарите дека демонстрантите запалиле автобус во западниот град Рен.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости