Во израелски воздушен напад врз градот Бинт Џбеил, јужен Либан, загинаа пет лица, меѓу кои татко и неговите три деца кои имале американско државјанство.
Мајката на децата, која исто така се наоѓала во куќата во моментот на нападот, е во критична состојба.
Израелската армија соопшти дека целта на нападот бил член на Хезболах.





