(ВИДЕО) Флотилата за Газа е нападната: Експлозии се слушнале од повеќе бродови, активистите забележале неколку дронови

Организаторите на флотилата „Глобал Сумуд“, која има за цел да ја пробие нелегалната блокада на Газа, соопштија дека биле нападнати пет брода.

Тие, исто така, пријавија експлозии и повеќе беспилотни летала насочени кон некои од нивните бродови, кои моментално се во близина на Грција.„Беа фрлени повеќе дронови, неидентификувани објекти, комуникациите беа прекинати, а експлозии се слушаа од повеќе бродови. Сведоци сме на овие психолошки операции од прва рака, токму сега, но нема да бидеме заплашени“, рекоа организаторите.

🚫 Активистката Јасемин Акар наведува дека флотата „Сумуд“ била нападната покрај брегот на Европа, што претставува напад не само врз бродовите, туку и врз човештвото.

📣 Таа нагласува дека и покрај обидите да се запре мисијата, со употреба на дронови и експлозиви, флотата го продолжува своето патување кон Газа за да ја пробие израелската блокада, истакнувајќи ја итната потреба за правда и поддршка за Палестина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости