(ВИДЕО) Еди Рама му се потсмева на Трамп за мешањето во Албанија и Ерменија: „Тој го реши нашиот конфликт“

Во Копенхаген се одржува самит на лидерите на европската политичка заедница, а пред почетокот на свечената програма, камерите фатија интересен момент помеѓу премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и францускиот претседател, Емануел Макрон.

Имено, Макрон разговарал со Алиев, кога тој му се приближил на Рама и решил да се пошегува за американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку јавни настапи ја нарече Ерменија Албанија.

„Треба да ни честитате. Трамп го запре конфликтот меѓу нашите две земји“, му рече Рама на Макрон, покажувајќи кон Алиев.

Секако, конфликтот за кој Трамп тврди дека го спречил се случил меѓу Ерменија и Азербејџан.

Овие две земји водат војна со децении, која последен пат беше интензивирана во 2023 година, а формалниот крај на конфликтот го потпишаа на почетокот на август во Белата куќа.

Трамп честопати го посочуваше овој пример како доказ дека е „претседател кој носи мир“, но во неколку говори наместо Ерменија рече Албанија, а неколку пати рече „Абербејџан“ наместо Азербејџан.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости