🗣 Израелскиот министер за национална безбедност, крајнодесничарот Итамар Бен-Гвир, вечерва го посети военото пристаниште Ашдод, каде што беа притворени меѓународни активисти и новинари од „Глобалната флота Сумуд“.
🇮🇱 За време на посетата, Бен-Гвир ги навреди активистите, нарекувајќи ги „терористи“, иако нивната мисија беше доставување хуманитарна помош и храна за бебиња до жителите на опколениот Појас Газа.
🇵🇸 Притворените активисти возвратија со скандирање „Слободна, слободна Палестина“, протестирајќи против изјавите на израелскиот министер.
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ги посети притворените активисти од Глобалната флотила Сумуд.
— Čaršija Times (@CarsijaT) October 3, 2025
„Ова се терористи. Тие се терористи. Погледнете ги. Поддржувачи на убијци. Тие дојдоа за Газа, за терористи.“ pic.twitter.com/j3UKpGBBY9





