(ВИДЕО) Мисија и вера: Член на флотилата ‘Сумуд’ ја прими исламската вера

Еден од учесниците во глобалната флотила „Сумуд“, по име Томи, јавно го прифати исламот за време на пловидбата, објави турскиот активист Бекир Девели, кој исто така беше дел од мисијата.

Според Девели, Томи потекнува од строго католичко семејство, но бил длабоко инспириран од солидарноста што ја видел меѓу муслиманските активисти во флотилата.

„Томи стоеше на стража за да можеме да го клањаме намазот,“ изјави Девели.
„Тогаш ми рече: ‘Имам многу тетоважи на телото, дали Аллах ќе ме прифати таков?’“

По неговото изговарање на шахадетот, со кој се влегува во исламската вера, членовите на флотилата со радост му честитале — но, како што тврди Девели, веднаш потоа бил приведен и затворен.

„Му реков: ‘Еве, само 10 секунди по прифаќањето на исламот, веќе почна да ја плаќаш цената, Томи…’“

Настанот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде многумина го нарекоа „симбол на искреност и пожртвуваност“ во борбата за Палестина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости