Египет го поддржа поранешниот британски премиер Тони Блер за улогата на „модерен висок комесар“ во повоената администрација на Газа. Блер, чие име е поврзано со агресија и манипулации, предизвикува остри критики на Блискиот Исток, каде многумина ја сметаат неговата потенцијална улога за навреда за жртвите на неговите минати војни.
Арбитер на катастрофата во Ирак
Во 2003 година, Блер ја вовлече Велика Британија во инвазијата на Ирак заедно со САД, засновано на лажни обвинувања за поседување оружје за масовно уништување. Последиците беа катастрофални: стотици илјади мртви, разурнати градови, милиони бегалци и пораст на тероризмот. Извештајот Чилкот подоцна потврди дека Блер свесно ги искривил разузнавачките податоци, вовлекувајќи ја земјата во „неоправдана и разорна војна“.
Неуспеси како мировен преставник
По напуштањето на премиерската функција, Блер беше назначен за специјален пратеставник на Блискоисточниот квартет, но неговата мисија во Палестина беше неуспешна. Наместо да работи за мир, тој се фокусираше на лобирање за интересите на западните корпорации, додека палестинските потреби беа занемарени, а соработката со Израел беше приоритет.
Соработка со авторитарни режими
Од 2014 година, Блер го советуваше египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој дојде на власт по воен пуч и масовни ликвидации на поддржувачите на Муслиманското братство. Според „Middle East Eye“, режимот на Обединетите Арапски Емирати ја финансирале работата на Блер во Каиро, каде тој му помагал на Сиси во градењето пропагандна стратегија и воспоставувањето врски со Западот. Блер и Сиси го гледаат политичкиот ислам, вклучително и Хамас, како заедничка закана.
„Модерен висок комесар“ за Газа
Сега, според плановите на Вашингтон и Каиро, Блер би можел да ја предводи Меѓународната преодна управа за Газа (GITA), со седиште во Ел-Ариш, на египетската граница. Египетските власти го опишуваат како „модерен висок комесар“, споредувајќи го со Херберт Самуел, британски колонијален управник на Палестина во 1920-тите.





