По кратко и тешко боледување, попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз (63).
По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Јонуз се пресели на подобар свет.
Тој беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на македонските телевизии.
Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.
Бог да му се смилува.





