Британскиот премиер Кеир Стармер пристигна во Анкара на официјална посета по покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На аеродромската база Муртед, Стармер го пречека министерот за национална одбрана на Турција, Јашар Ѓулер, со највисоки воени и државни почести.
Британскиот премиер е придружуван од министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, и командантот на Кралското воено воздухопловство, генерал Харв Смит.
Според турските извори, за време на средбата во претседателската палата во Анкара, Стармер ќе го информира претседателот Ердоган за тековниот напредок во преговорите за набавка на борбени авиони Eurofighter Typhoon, што се водат меѓу Турција и Велика Британија.







