Од октомври годинава, креаторите на содржини во Кина ќе мора да имаат универзитетска диплома доколку сакаат да објавуваат или дискутираат за теми поврзани со медицина, право, финансии и образование.
Новата мерка, која ја спроведуваат Кинеската управа за кибер-простор (CAC) и Министерството за култура и туризам, има за цел да го спречи ширењето на дезинформации и да го подигне квалитетот на онлајн содржината.
Социјалните мрежи како Weibo и Douyin (кинескиот TikTok) ќе бидат обврзани да ги проверуваат образовните документи на корисниците кои објавуваат на овие теми.
За прекршителите се предвидени казни и блокирање на профилите, со што властите најавуваат построга контрола врз јавната комуникација на интернет.





