Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека Израел убил околу 250 Палестинци по постигнувањето на договорот за прекин на огнот, со што повторно ги прекршил своите меѓународни обврски.
„Во Газа не треба да се дозволи никаква акција што го крши договорот и го нарушува мирот“, нагласи шефот на турската дипломатија.
Фидан истакна дека реконструкцијата на Газа не е само инфраструктурно прашање, туку и симбол на обнова на надежта на палестинскиот народ за иднината.
„Денес, ние, седумте земји собрани на оваа маса, испраќаме јасна порака: никаква акција што го поткопува прекинот на огнот не е прифатлива. Процесот што води кон мир мора да биде заштитен,“ додаде тој.

Турскиот министер подвлече дека Анкара не сака повторување на геноцидот во Газа, повикувајќи на долгорочен мир заснован на решение за две држави.
„Сакаме прекинот на огнот да остане на сила и да се преземат одржливи чекори за спроведување на формулата за две држави,“ рече Фидан.
Тој, исто така, ја потврди подготвеноста на Турција да преземе активна улога во мисијата за Газа:
„Подготвени сме за каква било улога во составот на силите за Газа. Очекуваме потребните законски дефиниции и мандати,“ изјави Фидан.





