(ВИДЕО) Пад на турски воен авион во Грузија – 18 загинати

Во Грузија се урна турски воен транспортен авион C-130, во кој имало 20 лица. Грузиските спасувачки екипи во 17 часот стигнале до местото на несреќата и го обезбедиле теренот за истрага.

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, телефонски разговарал со својот грузиски колега Илија Бочоришвили, при што биле разменети информации за текот на потрагата и спасувањето.

Според азербејџанската агенција АПА, истрагата разгледува два можни сценарија – корозија на трупот на авионот поради долготрајна употреба или неправилно осигуран товар кој можел да ја оштети конструкцијата.

Министерот за внатрешни работи на Грузија, Гела Геладзе, потврди дека се пронајдени телата на 18 од 20 загинати, додека потрагата по уште две лица продолжува.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости