Ердоган: Турција ќе продолжи со напорите за праведен и траен мир во војната меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на својот руски колега Владимир Путин дека Анкара ќе продолжи со напорите да помогне во обезбедувањето да се заврши војната меѓу Русија и Украина со праведен и траен мир.

Според Директоратот за комуникации на Туркије, во телефонскиот разговор, Ердоган и Путин разговарале за војната меѓу Русија и Украина, како и за регионални и глобални прашања.

Ердоган нагласи дека Анкара е подготвена да придонесе во дипломатските иницијативи што би го олесниле директниот контакт меѓу страните и би го отвориле патот за траен мир.

Разговорот меѓу двајцата лидери следи по состанокот на лидерит на Г20 во Јужноафриканската Република, каде е разговарано за предложениот американски план за постигнување мир меѓу Русија и Украина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости