Што велат австралиските тинејџери за забраната на социјалните мрежи: „Ќе најдеме нов начин да ги користиме“

Во среда стапи на сила забраната за користење на социјалните мрежи за младите во Австралија но сепак тинејџерите се сомневаа во нејзината ефикасност. Клер Ни и Стела Питерс разговараа со Ројтерс и признаа дека сега само ќе најдат нов начин за користење на социјалните мрежи.

За разлика од некои нивни врсници, 14-годишната Клер Ни и Стела Питерс засега сè уште имаат пристап до своите профили на TikTok, Instagram и Snapchat.

Владата објави дека околу 200.000 сметки веќе се деактивирани само на TikTok, а во наредните денови уште повеќе ќе бидат блокирани. Сепак, Ни не е загрижена што ќе се случи кога нејзините сметки ќе бидат деактивирани.

„Едноставно е бесмислено. Само ќе создадеме нови начини да се појавуваме на овие платформи, па која е поентата тогаш“, рече таа.

Таа исто така се пожали дека немале време да се подготват за оваа промена.

„Мислам дека е малку неправедно затоа што ни дадоа навистина краток рок за подготовка и сè тоа, и мислам дека треба да има исклучок за оние кои имаат 14 или 15 години затоа што ако можат да почнат да бараат работа и да добијат возачки дозволи и слично, мислам дека е малку неправедно што не можат да ги користат своите социјални медиуми“, рече таа.

Во видео порака, Ентони Албанезе ги повика децата „да се занимаваат со нов спорт, нов инструмент или да ја прочитаат книгата што им стои на полица веќе некое време“, пред летните училишни распусти во Австралија што започнуваат подоцна овој месец.

Питерсе рече дека нејзините колеги веќе почнале да разгледуваат други платформи, како што се BeReal или Lemon8.

„Можеби забраната ќе ги натера да излегуваат повеќе надвор, но не баш“, додаде Питерсе.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости