Турција работи на инсталирање радарски системи на територијата на Сирија, што би можело сериозно да ја ограничи слободата на дејствување на израелските воздухопловни сили во сирискиот воздушен простор. Ова го објави израелскиот телевизиски канал i24 News, повикувајќи се на западни разузнавачки извори.
Според извештајот, инсталацијата на овие системи ќе ѝ овозможи на Турција да ги следи активностите на израелските воени авиони, дури и кога тие летаат над сириска територија.
Експертите оценуваат дека ваквиот потег не само што може значително да ги отежни израелските операции во Сирија, туку и да влијае врз можноста за користење на сирискиот воздушен простор за операции во поширокиот регион, вклучувајќи ги Иран и Ирак.





