(ФОТО/ВИДЕО) Ланчан судир на автопат во Јапонија: Пожарникарите седум и пол часа го гаснеле пожарот

На 26 декември, на автопатот во провинцијата Гунма, централна Јапонија, се случи верижен судир во кој учествувале 50 возила, при што загинале две лица, а 26 други се повредени.

Првично се судрија два камиона, по што следеше судир меѓу преостанатите возила. Најмалку 40 возила се запалиле. 77-годишна жена од Токио загинала, додека телото на уште едно лице било пронајдено на возачкото седиште на изгорениот камион. Пет лица се тешко повредени.

Несреќата се случила во време кога било на сила предупредување за снежни врнежи. Полицијата верува дека лизгавиот коловоз веројатно придонел за лизгањето на камионите по патот. Гаснењето на пожарот траело седум и пол часа.

Еден од возачите вклучени во несреќата изјави дека тој и уште 50 други лица биле евакуирани на блиската наплатна станица и дека таму ја поминале ноќта.

ImageImageСлика

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости