Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е „длабоко почестена“ од личната покана на американскиот претседател Доналд Трамп да го претставува Косово како член-основач на Советот за мир, пренесува Еуроњуз.
„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот @realdonaldtrump да ја претставувам Република Косово како член-основач на Одборот за мир, рамо до рамо со Соединетите Американски Држави во потрагата по побезбеден свет. Вистинското лидерство не зборува само за мир, туку го остварува. Токму тоа го прави Трамп преку оваа историска иницијатива. Америка помогна да се донесе мир во Косово. Денес, Косово стои цврсто како сојузник на Америка, подготвено да помогне во унапредувањето на тој мир. Историјата ги памети оние кои преземаат смели чекори за градење мир, а ние сме подготвени“, напиша Османи на својот профил на „Икс“.





