Објавена е ранг-листата на воено најмоќните земји во светот: Македонија на 112-то место

Десетте земји со најголема воена моќ според индексот за 2025 година се САД, Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство, Франција, Јапонија, Турција и Италија.
Американската веб-страница „Глобал фајерпауер“, специјализирана за анализа на воените капацитети на државите, го објави новогодишното рангирање на најсилните воени сили во 2025 година. На таа листа, Македонија е позиционирана на 112-то место од 145 рангирани армии.

Глобалниот индекс на огнева моќ не го мери само бројот на тенкови, авиони или војници. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, вклучувајќи го воениот буџет, бројот на активни и резервни војници, логистичките капацитети, бројот и разновидноста на оружје, инфраструктурата, достапноста на природни ресурси, како и геостратешката положба на земјата.

Технолошкото ниво исто така се зема предвид, што значи дека земјите со пософистицирани системи за команда и контрола, напредни дронови и сајбер капацитети имаат значителна предност.

Според годишниот преглед за 2025 година, од 145 земји чии воени капацитети се вклучени во индексите за мерење, Македонија, или вооружените сили на Македонија, е на 112-то место.

Од друга страна, меѓу земјите од регионот, најдобро рангирана е Србија, која е на 63-то место, по неа следуваат Хрватска на 74-то место и Словенија на 96-то место. Босна и Херцеговина е позиционирана на 132-то место, додека Црна Гора е на 127-мо место.

Десетте земји со најголема воена моќ според индексот за 2025 година се САД, Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство, Франција, Јапонија, Турција и Италија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости