Пратеникот Сали Мурат оствари средба со претседателот Ердоган во Истанбул

Пратеникот Сали Мурат, претставник на турската заедница во Македонија, оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во палатата Долмабахче во Истанбул.

Во својата објава по средбата, пратеникот Мурат истакна дека разговорот бил исклучително важен и плоден, при што изрази благодарност за љубезниот прием и срдечното гостопримство од страна на турскиот претседател.

„Денеска, во палатата Долмабахче во Истанбул, остварив исклучително важна и плодна средба со претседателот на Република Турција, мојот ценет пријател, г. Реџеп Таип Ердоган. Му изразувам искрена благодарност за љубезниот прием и срдечното гостопримство, со желба оваа средба да придонесе кон понатамошно зајакнување на пријателските односи меѓу нашите земји“, напиша Мурат.

Средбата уште еднаш ја потврдува активната улога на Сали Мурат во продлабочувањето на односите меѓу Македонија и Турција, како и значењето на турската заедница во Македонија како мост на пријателство и соработка меѓу двете држави.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости