Претседателот на Суверениот совет на Судан, АбдулФатах ал-Бурхан, изрази надеж за понатамошен развој и продлабочување на односите меѓу Судан и Турција.
Тој ја пренесе својата благодарност до турскиот народ и турската влада за поддршката на Судан. „Преку вас ја изразувам благодарноста до турскиот народ и владата. Видовме како турскиот народ го поддржува Судан“, рече ал-Бурхан.
Говорејќи за довербата кон Турција, суданскиот лидер изјави: „Прво се потпираме на Аллах, а потоа на Ердоган“.
Тој додаде дека Судан би претпочитал Турција 🇹🇷 или Катар 🇶🇦 да учествуваат како посредници, наместо Обединетите Арапски Емирати 🇦🇪. Сепак, оваа иницијатива не била прифатена од страна на RSF. Како можни посредници тој ги спомена и Саудиска Арабија 🇸🇦 и Египет 🇪🇬.
🗣 „Не сакаме ОАЕ да учествуваат во какво било решение, бидејќи тие се главниот покровител на RSF.“
Според ал-Бурхан, „одржливо решение не може да се постигне исклучиво по воен пат, но кон политички процес може да се премине дури по завршувањето на воените операции“.
„Суданскиот народ и армијата се решени да го ликвидираат RSF. Отворени сме за какви било мировни решенија, но нашата цел е да се стави крај на постоењето на RSF“, изјави тој.
Заблагодарувајќи им се на Турција, Египет, Катар и Саудиска Арабија за поддршката, ал-Бурхан истакна дека војната ѝ донела многу страдања на земјата, но дека суданската армија била реорганизирана. „Уверени сме дека Турција ќе ни помогне и во ова прашање. Турција е голема земја“, додаде тој.





